По повеќе месечна работа заврши комплетната припрема за првиот поп сингл на Никола Зачески, на музичката јавност во нашата земја познат и етаблиран како оперски пејач. Никола Зацески или “Волшебниот Глас”, како што го нарекуваат многу критичари и колеги,  за реализација на својот прв поп проект, состави врвна екипа на професионалци од Македонија и Австралија.

На неговиот прв проект се потпишаа уметници од Македонија, и тоа Студио: XL Момироски, за Музика, Продуцент и Миксинг : Николче Мицевски, како текстописец: Весна Малинова

 а за видео продукција беа задолжени Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев, Христијан Српцански, додека во улога на модели се јавија: Клаудија Бабаровска, Симона Митревска.
Од Австралија свој потпис ставија студио: The Jam Hut Recording Studio, продуцент: Горан Вељановски и видео: Миле Манев.
“Многу успешно и со преголема енергија се заврши комплетното снимањето за мојата прва песна и спот во Австралија и Македонија. Со нетрпение чекам да го споделам со вас овој мој прв најголем проект, кој е составен од врвни професионалци. Се надевам дека ќе успее да допре нашата порака до секој еден. Толку е едноставна и има една цел љубов, среќа, радост, убавина”, вели Никола Зацески
Никола не и е непознат на музилката јавност. Уште за време на своите студии Никола учествува на многу интернационални музички натпревари во Русија, Полска, Франција, Шпанија и Бугарија, освојувајќи многу индивидуални (11 награди) како и награди со неговиот хор(5 награди). 
Покрај интернационалните успеси, како дел од Македонската Опера и Балет настапува на Охрискиот Фестивал, Битолскиот и Скопскиот Фестивал
Никола продолжува со својата гласовна едукација во Русија, Италија и Австриа, усовршувајќи го своето оперско пеење, но покрај операта започнува да пее и Поп и традиционална македонска музика. 
Музичкиот талент на Никола и пред се љубовта за македонската традиционална музика го води и тоа многу успешно и во еден друг дел од нашето традиционално богатсво, а тоа е играорството. Од свои седум години зема учество во фолк ансамбли како играорец солист, но и кореограф. Како кореограф соработува со Националната Македонска Фолклорна група “Танец”, а 2018 кога се преселува во Австралија, се приклучува на Австралискиот танцов ансамбл ”Тоше” како главен кореограф.
Несебично и со огромна посветеност Никола подржува огромен број на хуманитарни концерти во Македонија, Австралија и целиот свет и станува водечки член на “Игри без граници”, организација посветена на создавање и организирање настани од хуманитарен карактер, со цел подигање на свеста и обезбедување на финансиски средства за децата во Македонија и цел свет.
Во Февруари 2020 година во Мелбурн комплетно ја креира програмата за хуманитарниот настан “Насмевка За Овој Свет – Насмевка за едно дете за овој свет” во спомен на животот на неговиот идол, Тоше Проески.
В.Ѓ. Парго