Моментално  најактуелниот македонски пејач Никола Зацески во чест на 40-от роденден на Тоше, направи   преработка на песната “За овој свет”,  во продукција на Николче Мицевски.

Никола Зацески, во соработка со Австралиската хуманитарна организација “Play Without Boundaries” и оваа година традиционално, но со специјални протоколи успешно го поставија најновото издание на хуманитарниот концерт “A Child’s Smile – Детска Насмевка” во чест на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, соопшти неговиот тим.

Оваа година на хуманитарниот концерт учество зедоа следните артисти: Никола Зацески – вокал, Крис Чагоровски – кларинет/саксафон, Владо Вики – клавијатура, Концертот е снимен во  IN TV студио Мелбурн, Австралија, Видео – Миле Манев, Аудио – Горан Вељановски.

“Со идеја целиот настан да добие што поголемо значење со огромна чест и задоволство ја  снимив преработката на Тошевата “За овој свет” тоа е најмалку што можам за да ја искажам мојата огромна почит за човекот кој несебично покажа како се пее, помага, сака, почитува и најважно како е да се биде човек пред се. Среќен Роденден Ангелу наш,  твоите песни и дела  никогаш нема да дозволиме да згаснат. За разлика од изминатите години, оваа година хуманитарниот концерт во чест на Тоше, заедно со мојот тим од “Play Without Boundaries” го остваривме во посебни услови и со посебни протоколи и е достапен за сите фанови “online”. Комплетниот приход од овој проект е наменет за помош на  “Детелинка Плус”. Сакам лично да се заблагодарам до мојот тим, моите колеги музичари, видео продуценти, спонзори, медиуми и сите други што помогнаа во оваа тешка година да го реализираме овој голем проект кој има преголемо значење за мене” – изјави Никола Зацески. А.Н.