Научниците од Светска здравствена организација (СЗО) велат дека сè уште немаат доволно информации за да заклучат дали луѓето се имуни на последователните инфекции од вирусот СОВИД-19 по закрепнувањето од оваа болест.

Шефот на Светската здравствена организација за итни случаи,Мајкл Рајан изјави дека се претпоставува луѓето кои биле заразени со корона вирус и кои имаат докажано ниво на антитела, дека треба да имаат одреден степен на заштита, но дека тие едноставно сè уште не знаат колку трае тој период.
Рајан рече дека научниците можат да оценуваат врз основа на имунитет од други вируси корони, но тие податоци се исто така доста ограничени.

Д-р Марија Ван Керков, епидемиолог кој работи за СЗО, рече дека информациите што организацијата ги има за реакцијата на антителата и имунитетор се „измешани“ и дека им требаат многу повеќе податоци за закрепнати пациенти.

– Во тек се бројни студии за да се обиде да се дојде до одговори на прашањето за имунитетот. Во моментов немаме целосна слика за тоа како изгледа имунитетот и додека не ја создадеме, не можеме да дадеме целосен одговор – рече д-р Керков.

Н.С.