До почетокот на новата учебна година остана уште четири дена, но освен фотографии од училиштата дека се реновирани, наму каде што се, другиконкретни информации нема. А нема ни точна информација дали учебната година ќе започне овој четврток и дали ќе има целодневна настава за учениците или не?!

Веројатно како и многупати досега ќе гиостават родителите во пет до дванаесет да се снаоѓаат со децата, бидејќи тие во училиште нема да може да останат подолго од 3 часа. Се уште никој не одговори дали ќе има целодневна настава, туку се „игра“ со бројката на заразени и врз проценетата епидемиолошка слика ќе се донесела одлкуа…Но, родителите прашуваат кога ќе се донесе одлуката и кога ќе се соопшти! На мајките на продолжено породилно им дадоа една недела да ги запишат децата во градинка и се уште не им одговорија по последната средба со премиерот Заев, а на родителите на деца од 1-3 одделение не им оставаат ни три дена! Децата во четврток треба да тргнат на училиште!!! Или, пак, можеби нема, па затоа одговорните молчат!

Децата што треба да следат онлајн настава уште немаат добиено лозинки за да влезат во платформата…Можеби е рано, не знам, но децата очекуваат да видат што имаат да работат, а и родителите очекуваа викендов да им ја инсталираат на децата палтформата и да ги подготват за на училиште. Не сите родители имаат ИТ вештини, и не сите родители ќе можат тоа да го сторат без помош. А, викендов беше одлична можност тоа да го сторат со помош на оние кои знаат како се инсталира оваа платформа. Но, има време! Нели 6 месеци чекавме да дојде учебната година, можеме уште шест да почекаме, има време. Министерот Филипче најави уште година и пол под корона!

Како и да е сите чекаме да видиме што ќе се случи во четврток…Додуша мајките на продолжено породилно имаат дедлајн до утре, па да видиме кој си стои на зборот!

Н.Д.