Во Велика Британија е откриена нова мутација на КОВИД-19, пренесува Sky News. Телевизискиот канал се повикува на министерот за здравство Мет Ханкок.Според него, тешко дека новата мутација на коронавирусот ќе биде погодена од вакцината.
Пред Долниот дом, Ханкок беше категоричен дека станува збор за новата мутација на опасниот вирус што екстремно брзо се шири во југоисточниот дел на земјата.

„Бројот на нови случаи заразени со мутацијата е поголем од оние со досега позната варијанта на КОВИД-19, со повеќе од илјада пациенти“, рече министерот за здравство.
Инфицирани со мутираниот вирус има во 60 општини низ целата земја. Министерот Ханкок, пак,  пред британските пратеници  изјави дека во моментов нема достапни информации што сугерираат дека новата мутација на вирусот може да предизвика сериозни симптоми или дека ќе  да одговори на вакцината КОВИД-19.