Токио Фото: Pixabay

Четири лица кои пристигнале во Токио од Бразил биле заразени со новиот вид на корона вирус, соопштија денеска здравствените власти, пишува Танјуг.

Оваа вест ја потврди и премиерот Јошихиде Суга, кој рече дека на владата ќе и требаат неколку дена пред да одлучи дали ќе ја продолжи вонредната состојба во Осака, Кјото и Хјого, пренесе агенцијата Кјодо.

Националниот институт за инфективни болести наведе дека нема докази дека новиот вид на коронавирус е позаразен од претходниот, ниту пак дека е поопасен.

Такаџи Вакита, шеф на Институтот, рече дека новиот вид покажал некои сличности со оние што се појавија во Велика Британија и Јужна Африка.

Четворицата патници кои дошле од Бразил биле веднаш тестирани на аеродромот и откриле дека се позитивни, по карантинот.

Од четворицата, еден маж на четириесет години бил хоспитализиран поради отежнато дишење, жена на триесет години се пожалила на силни болки во грлото и главоболка, тинејџер имал треска, а четвртиот патник, исто така тинејџер, немал никакви симптоми.  А.Р.