Владата на денешната седница донесе нова мерка во насока на заштита од ширењето на корона вирусот. Според оваа одлука, наместо по 21 часот, Владата одлучи во текот на целиот ден да се забрани групирање на јавни површини на повеќе од четири лица.

„Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана“, велат од Владата на РСМ.

Донесена е и одлука поранешни армиски службеници кои се над 45-годишна возраст да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции, Министерството за одбрана да отстапи одреден број санитетски возила за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од ковид-19.

Kако што стојат работите со ширењето на вирусот не се исклучува во наредните денови да се донесат нови, построги мерки за заштита од ширење на вирусот.

Н.Д.