Од полноќ цените на горивата се намалуваат во просек за 9,18%, објави Регулаторната комисија за енергетика, корегирајќи ја цената по падот на светските берзи од 9,18 отсто про тргување со нафта.

Со новото намалување цената на горивата во просек е пониска за 4,5 денари за литар. Така, според новиот ценовник кој стапува во сила од полноќ, бензинот Супер-95 поевтинува за 5,00 денари и ќе се продава по цена од 49,50 денари. Супер-98 поевтинува за 4,50 денари и ќе се продава по цена од 52,00 денари, а Дизелот, ќе биде поевтин за 3,00 денари и ќе се точи за 45,50 денари по литар. А.Р.