Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:

– Скопје 76
– Куманово 6
– Дебар 2
– Штип 6
– Прилеп 1
– Тетово 13
– Струга 7
– Битола 3
– Охрид 1
– Кавадарци 1
– Гостивар 10
– Гевгелија 1
– Македонски Брод 1
– Кратово 1
– Свети Николе 2
– Кичево 3
– Ресен 1

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, од Тетово, од Охрид и еден пациент од Кичево.

Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 142 оздравени лица и тоа од:

– Скопје 68
– Штип 3
– Прилеп 1
– Тетово 15
– Струга 15
– Охрид 15
– Гостивар 7
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 5
– Свети Николе 6
– Ресен 4

Во земјата досега се направени вкупно 79.392 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамки на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата изнесува 8.332 лица, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475 лица. А.Р.