Во последните 24 часа се направени 1382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19, соопшти министерството за здравство, а по градови во:

– Скопје 83
– Куманово 12
– Дебар 1
– Штип 21
– Прилеп 2
– Тетово 9
– Струга 3
– Велес 2
– Битола 11
– Охрид 3
– Гостивар 10
– Радовиш 7
– Кочани 1
– Пробиштип 2
– Демир Хисар 3
– Свети Николе 27
– Кичево 1

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица и тоа во:
– Скопје 71
– Штип 7
– Тетово 12
– Велес 1
– Битола 1
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кичево 1
– Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572. А.Н.