четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеНови 22 дијагностицирани со коронавирус, вкупно 136 заболени во земјава

Нови 22 дијагностицирани со коронавирус, вкупно 136 заболени во земјава

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата, соопшти министерството за здраавство.

Синоќа беше регистрирана втората жртва од коронавирусот, 63-годишен пациент од Дебар кој беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Претходно почина 57-годишна пациентка од Куманово кај која вирусот беше потврден посмртно, откако двете претходни тестирања биле негативни.

Според место на живеење бројот на новодијагностицирани во изминатите 24 часа е најголем во Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136 лица. А.Р.

RELATED ARTICLES

Most Popular