Од Штип стасуваа вести дека едно новороденче и неговата мајка се позитивни на коронавирусот. Од Центарот за јавно здравје на Штип информираат дека откако новороденчето појавило симптоми е испратено во болницата во Козле во Скопје.

Како што се дознава бебето и неговата мајка биле на Одделот за неонаталогија, гинекологија и акушерство во болницата во Штип, во периодот, кога една од медицинските сестри е заразена и е ставена во изолација. Од ЦЈЗ Штип потврдуваат дека остантите шест родилки и нивните новороденчиња се добри и немаат никакви симптоми на вирусот.

Со цел да се утврди како се инфицирале мајката и бебето се прават епидемиолошки анкети. Новороденчето е најмладиот пациент заразен од корона вирус кај нас.

A.Н.