четврток, април 25, 2024
домаНасловнаНово корона жариште во Италија по враќањето на маж од Косово

Ново корона жариште во Италија по враќањето на маж од Косово

Во италијанскиот регион Трентино-Алто Адиџе е утврдено ново жариште на корона вирусот по враќањето во Италија на маж кој бил во посета на родното Косово. Тој во  враќањето организирал собир, по што најмалку осум лица биле заразени, јавуваат локалните медиуми.

„Нултиот пациент“ на новото жариште во Трентино не само што не ги почитувал мерките на 14-дневен карантин, туку и организирал забава на 21 јуни, на која поканил повеќе од 20 лица од локалната заедница на луѓе по потекло од Косово, јавува „Today.it“.

Како што се додава, здравствената состојба на тој човек се влошила на 24 јуни, поради што бил однесен во болница. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ