Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе новите мерки кои се предложени на Главниот координативен кризен штаб, информира министерот за здравство Венко Филипче. Новото олабавување на мерките е донесено врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.

Со новите мерки се предлага да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од полноќ до 05 часот наутро, угостителските објекти да работат до 23:30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните.

Со олабавувањето на мерките ќе биде дозволено и организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.

Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група. Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори. А.Н.