Додека целиот свет се подготвува за есенскиот бран на пандемијата „Ковид-19“, а научниците ширум светот работат на решение, од Америка дојде револуционерно откритие за методи за намалување на пренесување на вирусот и смртност, и само благодарение на еден моќен елемент.

Д-р Гери Ворен, главен истражувач на престижната американска компанија САИК (SAIC), во својот труд „Внесување на јод за намалување на преносот на Ковид-19 и смртноста од Ковид-19“, објавен во публикацијата „Рисрч гејт“ (Research gate), истакна дека дневниот внес на максимално препорачани количини на јод доведува до апоптоза – клеточно смрт на клетки заразени со вирусот, спречувајќи го неговото понатамошно ширење, пренесува „Мондо“.

Дневниот внес од 1,5 до 2,4 милиграми по човек (во зависност од телесната тежина), како што е утврдено, ја зголемува подготвеноста на телото за борба против ковид-19.

Колку повеќе луѓе го зголемуваат внесот на јод до максималното препорачано ниво, значително се намалува можноста за пренесување на ковид-19, а со тоа и смртноста.

Тајланд, Филипините и Виетнам веќе започнаа со употреба на јод за специфична дополнителна заштита на медицинскиот персонал, покрај неизбежните маски, скафандери и ракавици.

Јодот најмногу се наоѓа во алгите, морските риби и кујнската сол, пренесува Ало. А.Р.