Во Италија беше иницирана првична студија како прва земја во Европа која е длабоко погодена од епидемијата на вирусот корона, а се однесува за влијанието на пандемијата врз индивидуата Резултатите покажаа дека 37 проценти имаат посттрауматски симптоми на стрес, 17 проценти страдаат од депресивни симптоми, 20 проценти покажале силна вознемиреност, 7 проценти несоница и 21 процент стрес.
Истражувањето беше објавено во списанието medRxiv и спроведено од два универзитета, од Аквила и Рим, со испраќање на анкетен прашалник реку интернет, а  на кој одговорија над 18.000 луѓе.

– Добиените резултати се она што го очекувавме, забележуваме висока стапка на нарушувања како што се вознемиреност, депресија и несоница – рече д-р Родолфо Роси, истражувачки соработник на Универзитетот во Рим, „Тор Вергата“ и прв автор на студијата.

– Друг важен аспект на студијата се факторите на ризик – рече Роси – Веројатноста за страдање од овие симптоми главно се одразуваат на жените, младите, луѓето кои изгубиле некој близок заради Covid19 или кои биле заразени. Засегнати се и луѓето кои изгубиле или привремено ја напуштиле својата работа заради епидемијата, додека оние кои работат премногу напорно од дома се изложени на ризик од стрес или несоница.

Лицата кои се во карантин во моментот бидејќи имаат Covid19 имаат симптоми на посттрауматски стрес и вознемиреност.

Резултатите се интересни, и покрај ограничувањата наметнати од студијата засновани на Интернет-прашалникот. Оние што реагираат се претставници на италијанското население и може да се претпостави дека поподготвени и навикнати да зборуваат за нивната емоционална и психолошка состојба се жените, а тоа се објаснува со тоа што скоро 80% од испитаниците се жени.

Истовремено слично истражување е спроведено во Кина на кое одговорено 1.210 лица. Резултатите од него откриле прилично високи стапки на вознемиреност и депресија за време на коронарната пандемија (30 и 17%, соодветно), покрај тоа, скоро 35% од испитаните луѓе покажале симптоми на страдање поврзан со посттрауматски симптоми на стрес(ПТСН).

А.Н.