четврток, април 25, 2024
домаНов вид на коронавирус во Британија и уште три земји, светот во...

Нов вид на коронавирус во Британија и уште три земји, светот во паника

Институтот за јавно здравје на Велика Британија објави дека е откриен нов вид на корона вирусот со проучување на геномот на вирусот.

Врз основа на податоците засега достапни на тамошните експерти, се смета дека вирусот се шири побрзо, а поради стравот дека ќе биде пренесен во други земји, некои земји ги откажаа летовите кон Велика Британија.

Сепак, паниката во светот расте, бидејќи беше објавено дека новиот вид на корона вирусот е регистриран во уште три земји – Данска, Холандија и Австралија. Патем, вчера беше објавено дека новиот вид на корона вирусот е регистриран во Јужна Африка, пренесува „Србија данас“.

Микробиологот Бранко Рихтман ја коментираше веста за новиот вид на вирус откриен во Велика Британија.

– Според она што е познато во моментов, нема разлика во клиничката слика, ниту, пак, има разлика во тоа колку вирусот е чувствителен на вакцините, тоа не влијае на ефикасноста на вакцините. Но, она што е познато, се чини дека се шири доста брзо, бидејќи се чини дека се врзува за човечките клетки побрзо од последниот вид – рече тој. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ