Мишел Барние, пишува весникот, главниот преговарач на ЕУ за Брекзит, им соопштил на земјите-членки на Унијата, дека владата на Велика Британија има 48 часа за да се согласи на потенцијална зделка или ќе добие одбивање за продолжување на преговорите за “разводот” кон идните трговски односи и транзитниот период.

Барние ги информирал европските лидери дека Лондон дал сигнали дека евентуално може да ги реши проблемите и да најде решение, задоволувајќи ги истовремено и северноирската “Демократска унионистичка партија” (ДУП) и Република Ирска. Уште една средба на дипломати од 27-те земји-членки на ЕУ е предвидена за утре вечер, но под услов Британија постигне договор со ДУП за избегнување на “тврдата граница” на островот Ирска. Дури, според весникот, се појавиле некои индикации дека е постигнат напредок по прашањето. За време на прес-конференција, премиерот на Ирска Лео Варадкар изјави дека Тереза ​​Меј му соопштила дека ќе излезе со нов предлог најдоцна до среда или четврток. Ако Велика Британија не успее да излезе со единствен став пред Европската комисија најдоцна до петок, земјите-членки нема да имаат време да разговараат за предлозите во парламентот пред клучниот состанок на Европскиот совет следната недела. Според ова сценарио, кое засега изгледа најверојатно, лидерите уште еднаш ќе констатираат недостатокот на напредок по прашањата за правата на европските граѓани во Велика Британија по Брекзит, достасаните износи од Лондон кон европскиот буџет и ирското погранично прашање, за да се премине кон разговори за идните трговски односи и транзитниот период.

Ако во декември не се дојде до согласност, тоа ќе значи дека условите на транзитниот период потенцијално ќе бидат разгледани по следниот состанок на Европскиот совет кој е закажан за март 2018 година, кога, според весникот, многу клучни претпријатија во Велика Британија веќе ќе треба да имаат одлучено дали сакаат да продолжат да работат и да инвестираат во Велика Британија.