Земјотрес Фото FreeImages

Нов земјотрес ја погоди територијата на округот Сисак-Мославина. Тој бил со јачина од 4,1 степен, известува ЕМСЦ, и бил на длабочина од 10 километри.

Епицентарот бил на 22 километри од Петриња. Земјотресот бил почувствуван и во Загреб, пренесува „Јутарњи“. ЕМСЦ известува дека ова е 26-ти земјотрес што се почувствувал во Хрватска во последните 72 часа.

Од полноќ на 15 јануари, во околината на Петриња се случија уште осум земјотреси со јачина од 2 до 3 степени, од кои најсилен беше земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтер.

Да потсетиме, земјата на овие простори не се смири од 29 декември, кога имаше силен земјотрес со јачина од 6,3 степени. А.Н.