Премиерот Зоран Заев, соочен со референдумските резултати најави можност за предвремени избори ако не поминат уставните измени потребни за спроведување на договорот од Преспа, кој е предуслов за НАТО и ЕУ интеграциите. Шестоте илјади свесни доносители на одлуки не се занемарлива бројка од која може да се пренебрегне желбата за промена која во политичка смисла е прогресивна и полна со разбирање и толеранција.

Од друга страна остатокот од евидентираните гласачи (избирачи) во молк се обидоа да влијаат на актуелната политика. Од неа произлегува потребата за нови изборни закони, итно пребројување на граѓаните и создавање на листа на избирачи кои се свесни и сакаат да учествуваат во избор на политики, политичари и иднина на земја во транзиција (додуша 27-годишна) како Македонија.

Надежта за подобра иднина пресликана во определбата за НАТО и ЕУ, останува да се одработи од политичарите кои се избрани и затекнати во Собрание, со кое претседава Претседател кој не е во избирачкиот список.