Фармацевтите на германскиот универзитет во Хале-Витенберг развија начин да детектираат мали количини на коронавирус во растворот за миење на устата, користејќи техника што може да се користи за тестирање.

Студијата користеше примероци на раствор со кој пациентите заразени со новиот коронавирус исплакнуваат уста, успешно откривање на вирусот со помош на масена спектрометрија, соопшти универзитетот оваа недела, пренесува Н1.

Новиот метод мора понатаму да се развива пред да може да се користи како стандардна дијагностичка алатка за да се надополнат постојните тестови на коронавирус, се вели во соопштението.

Овој тест е многу специфичен, бидејќи таргетира компоненти на протеини кои постојат само во новиот коронавирус, познат и како Sars-CoV-2.

„Ние ги мериме пептидите што доаѓаат од вируси, а не од генетски материјал“, објасни Андреа Синц, која работеше на студијата.

Во моментов се потребни 15 минути за да се добијат резултатите од тој тест, и тие се значајни дури и со мали количини на раствор за плакнење. Тим на фармацевти работи на скратување на времето за тестирање.

Ако тестот се покаже како успешен, мерењата би можеле да ги спроведе не-специјалистички персонал, велат научниците.

Иако новиот метод нема да биде достапен веднаш, Синц вели дека се надева дека тестот би можел да биде во функција за неколку месеци. А.Р.