четврток, април 25, 2024
домаНасловнаНов протест против законот за абортус во Полска

Нов протест против законот за абортус во Полска

Голем број луѓе излегоа на протест против полската десничарска влада на последните демонстрации, откако високиот суд донесе одлука за дополнително заострување на веќе рестриктивниот закон за абортус.

Протестот беше организиран од „Женски штрајк“, групата која стои зад низата масовни протести низ целата земја откако беше донесена пресудата за абортусот на 22 октомври, објави АП. На демонстрациите им се придружија и претприемачи фрустрирани од начинот на кој владата управува со пандемијата на коронавирус. Маршот се одржа под слоганот: “Ние се бориме за слобода. Ние се бориме за сè!”

Демонстрантите се собраа на централната крстосница и се упатија кон куќата на Јарослав Качински, лидерот на владејачката партија „Закон и правда“, кој се смета за де факто лидер на земјата, иако тој е само потпретседател на владата.

Полицијата ги блокираше демонстрантите принудувајќи ги да одат по друг пат до неговата куќа. Полициските службеници користеа мегафони за да предупредат дека протестот е нелегален, велејќи: „Имаме епидемија“. Демонстрантите одговорија: „Имаме епидемија на ПиС“, користејќи ја полската кратенка за „Закон и правда“ и „Да ја собориме владата!“ А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ