Битолскиот „Џез фактори фестивал“ ќе се одржи на 1,2 и 3 јули, и на него ќе настапат познати џез имиња од регионот.
Фестивалот, кој се повеќе расте, оваа година ќе се одржи во Народниот театар во Битола, но ќе има и придружни активности кои ќе се случуваат и во Порта џез.
Целосната програма може да се проследи на линкот http://jff.mk
Освен музичкото задоволство кое ги очекува битолчани, со овој фестивал под раководство на реномираниот професор и музичар Сашо Поповски, годинава повторно ќе биде доделена наградата на најдобар млад музичар за 2020 година, насловена по познатиот битолски музичар Гоце Димитровски, кој остави неизбришливи музички  траги во текот на својот живот.
Изложба ќе има и фотографката Татјана Ранташа.