четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаОбјавен конкурсот за песни за „Тумба фест 2021“ 

Објавен конкурсот за песни за „Тумба фест 2021“ 

Здружението за уметност, култура и заштита на културно наследство „Ризница“ од Куманово распишува конкурс за нови композиции за деветтото издание на фестивалот на македонска новосоздадена народна шегобијна песна „ТУМБА ФЕСТ 2021“ кој ќе се одржи на 24 август 2021 година во Куманово.
Конкурсот трае до 30 мај 2021 година. Условите за учество на „ТУМБА ФЕСТ 2021“, според Советот на фестивалот, се следниве:
* На конкурсот може да учествуваат сите заинтересирани домашни и странски автори и изведувачи кои ги поседуваат потребните квалификации и кои сакаат да се истакнат со својот квалитет, способност и креативност.
* Еден автор на музика или текст може да учествува на фестивалот најмногу со две авторски дела.
* Еден автор на аранжман може да учествува на фестивалот најмногу со три авторски аранжмани.
* Изборот на изведувач го врши советот на фестивалот вклучувајќи и сугестии од авторите.
* Организаторот со авторите чии дела ќе бидат избрани на конкурсот, ќе склучи договор.  Со склучување на договорот, авторите имаат обврска на организаторот да му ги пренесат правата за прво јавно изведување, за радиодифузно емитување, за тонско и видео снимање, умножување и продажба на носачи на слика и звук, објавување на тонските и видео записите на интернет, Ју Тјуб, и друго, како и право организаторот овие права да ги пренесува на трети лица.
*Организаторот ќе издаде носач на звук и ДВД издание од фестивалот
*Да се испрати текст и демо снимка на македонски јазик – кумановски дијалект, во исклучителни случаи може и само на македонски јазик, но и на дијалект, различен од кумановскиот, исклучиво со шегобиен карактер.
*Наслов на композиција
*Композициите претходно да не бидат изведувани
*Податоци за авторите (име, презиме, авторска улога во тимот), и контакт информации
*Авторите се должни да достават оригинална композиција напишана за вокал и народен оркестар изработена во духот на македонската народна музика. Композицијата треба да биде оригинална и досега неизведувана. Квалитетот на песните треба да биде во сооднос со реномето на фестивалот. Композициите доставени на Конкурсот не треба да бидат подолги од 4’15“.
*На конкурсот нема да бидат земени на разгледување оние композиции во кои се промовира говор на омраза, расна или верска нетолеранција, во кои се кршат човековите права или се заговара употреба на недозволени средства.
* Изборот на композициите што ќе бидат премиерно изведени на фестивалот на новосоздадени македонски народни шегобијни песни „ТУМБА ФЕСТ 2021“ ќе биде направен од страна на стручна селекциона комисија.
*Во случај да не можат да бидат избрани соодветен број на композиции од пристигнатиот материјал, организаторот го задржува правото да нарача дела од познати автори.
*Своите композиции авторите треба да ги испратат по електронска пошта на следниот Е-маил etnoriznica.mk@gmail.com, или по пошта на адреса Здружение Ризница, Ул. Иго Тричковиќ бр. 37/17 Куманово 1300, најдоцна до 30 мај 2021 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ