Најновиот авторски носач на звук на македонскиот композитор, виолинист и едукатор Михаило Трандафиловски официјално ќе биде објавен на 11 ноември, во издание на Метиер (Métier). Албумот е реализиран во соработка со некои од најуспешните музички уметници во Велика Британија, инаку блиски соработници на Трандафиловски како Питер Шепард Скарвед, Нил Хајд, Линда Мерик, Родерик Чадвик, Роџер Хитон и Гитарското дуо Мијаби. Истиот ја истражува потрагата на авторот по „хрома“ (боја) како во хармонската, така и во формалната структура на делата, во традиционалните и експерименталните звучности и во потребата за длабоко посветена изведба на физичка директност.

Опсежната музичка потрага на авторот резултира во композиции со испреплетени музички изрази, дел од кои се создадени за време на пандемиските затворања во 2020 и 2021 година.

Михаило Трандафиловски е изведувач – композитор во калапот на Телеман, Барток, Јоаким и Листи. Како и овие автори, и во опусот на Трандафиловски е невозможно сосема да се раздвојат неговата композиторска и инструментална имагинација, и во него тој покажува флуидна, но истовремена силна меѓусебна зависност на енергиите на секоја од нив. Неговиот придонес во опусот за виолина е извонреден, неговите дуа за виолина и пијано (сонати во секоја смисла, освен во самиот наслов), концерти, виолински дуа, камерни и педагошки дела се вистински подарок за публиката и изведувачите. Претходните снимки на неговите дела привлекоа блескави критики ширум светот.

Повеќе информации за самиот албум, како и линк за дигитално преземање на истиот се достапни на следниов линк.