четврток, април 25, 2024
домаНасловнаОбјавен четвртиот пакет кризни мерки, никој нема да биде изоставен, ветува премиерот...

Објавен четвртиот пакет кризни мерки, никој нема да биде изоставен, ветува премиерот Заев

Премиерот Зоран Заев на днешната прес конференција го презентира четвртиот сет кризни мерки во износ од 470 милиони евра. Во овој сет на мерки, како што рече Заев ќе бидат опфатени околу 600.000 граѓани и никој нема да биде изоставен?!

Во овие мерки предвидени се над 280.000 платежни картички за купување на домашни производи од 6.000 денари за пензионери, самохрани мајки и баратели на работа, скалеста помош за субвенција за плата за месец октомври, ноември и декември, викенд без ДДВ за сите граѓани. За време на празничниот викенд во октомври ќе се пазаравува со целосен поврат на ДДВ до најмногу 30.000 денари, најави Заев

Но, потсетувајќи не дека здравјето е пред се и дека сите треба да се грижиме и почитуваме мерките, премиерот не објасни како во три дена ќе ја спорведе акцијата ВИКЕНД БЕЗ ДДВ, кога нели се препорачува ограничено групирање!

Премиерот напомена дека во овој сет мерки продолжува и субвеницирањето на платите во стопанството до крајот на годината, но овој пат скалесто до 21.700 денари, според загубите на комапнијата.  Во пакетот од 31 мерка се предвидуваат грантови и за игротеките, ресторантите за свадби, туристичкките агенции, минимални плати за туристичките агенции. Безкаматни кредити до 100 милиони евра одново стојат на располагање, а ќе се менуваат и закони за да се намали ДДВ за ресторанските услуги за храна и пијалоци на фиксни 10 проценти. Обемениот сет мерки ќе се финансира од кредити, а ќе се кратат и непродуктивните трошоци.

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ