За време на празниците, Божиќ и Нова Година, во Германија беше невообичаено топло, па потрошувачката на електрична енергија беше ниска. Многу Германци ги поминуваа празниците надвор од своите домови, честопати на скијање или на плажите во странство, а повеќето фабрики не работеа. Како резултат на тоа, побарувачката за електрична енергија падна, а производството беше во исто време големо.
Експертите објаснуваат дека исклучувањето на системот на обновливи извори од мрежата е поскапо од краткорочно поевтинување на електричната енергија. Економските портали наведуваат дека овој гест не е необичен за земјите кои брзо развиваат обновливи извори на енергија. Во изминатите неколку децении Германија има инвестирано околу 200 милијарди евра, главно во искористување на енергијата од ветерот и сонцето.