Сајтот „Europian best destinations“ состави список на 20 најбезбедни патни дестинации ова лето, врз основа на преземените мерки за спречување на зараза – одржување хигиена во сместувањето, рестораните и продавниците, и земајќи ја предвид близината на болниците, како и фактот што во на овие места болниците имаат на располагање поголем број болнички кревети од другите европски дестинации. Покрај тоа, овие земји се најмалку погодени од корона вирусот, па со тоа се и побезбедни.

На врвот на листата, како најбезбедно место во Европа е наведен Тбилиси, а исто така се наведува дека главниот град на Грузија, земајќи ја предвид стапката на криминал, е пет пати побезбеден од Париз или Лондон.

На листата на 20-те најбезбедни дестинации во Европа за оваа година, има неколку дестинации кои се наоѓаат во нашето соседство: хрватски Цавтат е на третото место, Загреб е на осмото место, а Риека е на 12. место. Котор е на 11-то место, а на веб-страницата се наведува дека градот останал „зелена зона“ за време на пандемијата, бидејќи таму не е регистриран ниту еден случај.

Меѓу најбезбедните дестинации во Европа е и Превезе, каде се наоѓа најбезбедната плажа, а Крф е на високата втора позиција. На списокот се наоѓаат и Азорските острови, Алентежо во Португалија, Батуми (Грузија), Алгарве (Португалија), Сибиу (Романија), Варшава (Полска), Виена (Австрија), Бохињ (Словенија), Малта, Гдањск (Полска), Вилнус (Литванија), Рига (Латвија) ​​и Дива Таига (Финска). А.Н.