четврток, април 25, 2024
домаНасловнаОдбележување на 13 Ноември -Денот на ослободувањето на Скопје

Одбележување на 13 Ноември -Денот на ослободувањето на Скопје

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

На одбележувањето на 76 години од ослободувањето на Скопје Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, ги предводеа делегациите коишто денеска положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.

На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев; делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Славче Јовановски, Васко Лазаревски и Ирена Попова, како и Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија; делегација од Собранието на Република Северна Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје; делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ