Денеска во Собранието требаше да се одржи конститутивната седница на новиот собраниски состав, но собраниските служби известија дека претседавачот на седницата поради семејни причини денеска нема да го закаже продолжението на седницата.

Како што се дознава, поранешниот спикер на Собранието на Македонија Талат Џафери на својот Фејсбук профил објави дека станал дедо, односно информира дека се породила неговата ќерка Бесиана и го родила малиот Фрашер.

„Благословени и пресреќни сме по вестта дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер! Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти“, напиша Џафери на својот фејсбук профил.

Дали ова е некоја тактика на екс претседателот Џафери останува да се види.

Н.Д.