Одложени се три концерти кои требаше да се одржат овој месец во организација на „Авалон продукција“, а во согласност со превентивните мерки наложени од Владата за спречување на ширење на корона вирусот.

„Со оглед на новонастанатата ситуација и мерките донесени од Владата коишто се поврзани со Корона вирусот, сакаме да ве информираме дека мартовските концерти на „Бонд“, Жељко Бебек и „Електрични Оргазам“ се одложуваат и континуирано работиме за да обезбедиме нови дати за концерти во месец мај. Новите датуми ќе бидат објавени во понеделник во 21 часот. Ви благодариме на разбирањето и трпението“, стои во соопштението од „Авалон Продукција“. А.Р.