Во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување јавни настани до 13 март, Филхармонија го одложува концертот „Музичка драма“ кој требаше да се одржи в четврток на 12 март. На концертот требаше да настапи канадската сопранистка Миша Бругергосман.

За продолжување на текот на концертите кои се на програмата на Филхармонија, институцијата дополнително ќе ја информира јавноста.