Компаниите „БиоНТек“ и „Фајзер“ добија одобрение од германскиот Федерален институт за вакцини и биомедицина „Пол-Ерлих-институт“ за да започнат со првите клинички студии на кандидати за вакцини против КОВИД-19.

Германската компанија „ БиоНТек“ и американски „Фајзер“ заедно ја развиваат вакцината BNT162 и ова е прво клиничко испитување на кандидатите за вакцини против КОВИД-19 во Германија и е дел од светската програма за развој, се вели во заедничката изјава на овие компании.

„Фајзер“ и „БиоНТек“, исто така, најавуваат истражувања во САД, кога ќе добијат одобрение од тамошните институции, што се очекува наскоро.

Првичната студија ќе опфати приближно 200 здрави испитаници, на возраст од 18 до 55 години и ќе има за цел дози кои се движат од 1 до 100 микрограми за да се утврди оптималната доза за понатамошни студии, како и за да се процени безбедноста и имуногеноста за вакцината, односно степенот на можноста на заштита на организмот.

Студијата исто така ќе ги процени ефектите од повторена имунизација кај тројца од четворица кандидати за вакцини, кои користат уРНА или модРНА. Субјекти со поголем ризик за сериозна инфекција од КOVID-19 ќе бидат вклучени во вториот дел од студијата.

Главниот извршен директор и ко-основач на „БиоНТек“, Угур Сахин изрази задоволство што завршија претклиничките студии во Германија и дека одобрувањето на регулаторот за првото тестирање на човекот е завршено. А.Р.