До нашата редакција стаса информација дека во ОУ „Кирил и Методиј“ во Велес од родителите кои ќе се одлучат нивното дете да следи онлајн настава, се бара  да достават дополнителна медицинска потврда. Исто тоа се бараше и во ОУ во Битола и покрај тоа што во Одлуката на Владата никаде не стои дека родителите треба да достават потврда од доктор, туку повеќепати се потенцираше дека одлуката на ордителот е безусловна.

Дури и Министерот за здравство Венко Филипче во повеќе наврати потенцираше, а воедно и на последното интервју образложи, а тоа е дека за детето да посетува онлајн настава потребно е само родителот да сака онлајн настава и ништо повеќе.

Родителите прашуваат зошто го бараат ова надлежните од одредени училишта и дали некој ќе превземе одговорност за ова. Одлуката на Владата е јасна и недвосмислена – одлуката за следење онлајн настава е безусловна. Министерката за образование, Мила Цароска е на потег!

А.Н.