Откако пред неколку недели се појавија тестови за тестирање од корона вирусот во слободна продажба во Италија, од денес може да се купат и во соседна Србија. Како што пренесуваат српските медиуми тестовите ќе можат да се купат во аптека, а според директорката на „Апотека“ од Белград, Јасминка Бјелетиќ се сигурни 98 %, пренесува Nova.rs. .

Во комплетот има и упатство како граѓаните сами во само 5 чекори да проверат дали се позитивни на Ковид-19, а нивната цена е 1.296 динари или 10 евра.

Тестовите се произведени во Кина и Јужна Кореја.

А.Н.