четврток, април 25, 2024
домаЖивотЖивотна срединаОд денес во Турција само со негативен ПСР тест

Од денес во Турција само со негативен ПСР тест

Од денес во Турција може да се влезе со покажување на негативен тест за PCR Sars-CoV-2 за сите граѓани што влегуваат во земјата. Мерката ќе стапи на сила од денсе за оние кои пристигнуваат авионски и од 30 декември 2020 година – за оние кои влегуваат во копнените граници, се вели во информацијата на турското Министерство за надворешни работи.

Пристигнувањето на патниците без тест подлежи на задолжителен карантин од 7 дена, по што треба да направат тест и во случај на негативен резултат да бидат ослободени од карантин. Граѓаните со позитивен резултат ќе бидат третирани според протоколот на Министерството за здравство на Турција во медицинска установа.

Имајте предвид дека најавените мерки не влијаат на патниците кои транзитираат низ аеродромите, туку се однесуваат и на граѓаните кои транзитираат преку копнените граници на земјата.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ