Од недела, 20 декември, оваа годинава до најверојатно 10 јануари следната година, сите странски државјани кои влегуваат во Србија ќе мора да направат негативен тест за ПСР, вклучувајќи ги и државјаните на нашата држава.

Што се однесува до српските државјани кои доаѓаат од странство, Уставот им гарантира дека можат да дојдат дома. Доколку немаат тест за ПСР, ќе мора да бидат во домашна изолација 10 дена, што може да го запрат доколку направат тест за ПСР и доколку се покаже дека се негативни – изјави д-р Дарија Кисиќ-Тепавевиќ денес по седницата на Кризниот штаб, а пренесува Новости.                 Н.Д.