Од полноќ повторно поскапуваат горивата со последната одлука на РКЕ, со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89%.

Така цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 113,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит, и од полноќ изнесува 107,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,50 ден/лит, и ќе изнесува 105,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,809 ден/кг и изнесува 56,317 ден/кг.