Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од ноќеска на полноќ да ја намали малопродажната цена на бензините.

Така, ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,50 денари по литар и ќе се продава по цена од 61,00 денари по литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,00 денар по литар и ќе изнесува 59,50 денари по литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно изнесува 53,00 денари по литар. А.Н.