Од полноќ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за два денари и ќе изнесува 94 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.