На 21 февруари од Скопје тргна Цветна штафета на мирот, чија патека уште од сам почеток е предодредена да се движи по земјава и пошироко. 
Имено, македонскиот нобеловски кандидат Живко Поповски Цветин иницираше обединувачки настани низ цела Македонија на кои ученици, по протоколи, ќе ја пречекуваат цветната штафета што ја наслика и тргна од 
ООУ ,, Живко Брајковски” во општина Бутел Скопје, со второ одделенците, токму на почетокот на второто полугодие.
– Штафетата тргна цветно, со порака за мир и благосостојба. Подарив 21 слика цвеќе на мирот. Децата изгледаа еден документарен филм за мене од продукцијата на МТВ. Цртаа цвеќиња и потоа излегоа во холот на училиштето каде има” Столб на цвеќето на мирот” висок 8 метри, каде секое дете рецитираше порака за мир преземајќи ја Штафетата. Потоа во дворот пуштија порака со цвеќето на мирот со 21 балон, ни раскажа нашиот ценет уметник. 
Уште многу цветни цртежи чекаат да бидат подарени во детски рачиња, пренесувајќи ја штафетата. Веќе се движи кон битолското Оптичани , Бистица, а на 8 март ќе биде во битолското ОУ “Елпида Карамади” , од каде понатаму ќе го продолжи патот по Преспа, Охрид, Демир Хисар, Прилеп, Кавадарци, Новаци, Измир и други точки. 
Пораката е пратена, Штафетата е на својот пат, мирот нека биде вечен дел од секојдневието на сите граѓани, на светот, порачува авторот и мирољубец Цветин. В.Ѓ.