Пишува: Стефани Хаџитомова

Играчките носат радост на децата, но главоболки за планетата – расте светскиот пазар на играчки, а со тоа растат и проблемите со нивно отстранување на крајот на животот, што обично е многу кратко.

Вредноста на пазарот за играчки надмина 90 милијарди долари минатата година, а се проценува дека 80 проценти ќе завршат на депонии и согорувачи. Повеќе од 40 милиони играчки во Франција се фрлаат секоја година, додека во Велика Британија скоро третина од родителите признаваат дека фрлале играчки во добра состојба затоа што нивните деца изгубиле интерес.

Многу производители на играчки најавија промена кон повеќе еколошки кружен бизнис што вклучува редизајн на играчки, но исто така и промовирање на споделување и повторна употреба на модели. За огромната количина на играчки што веќе постојат, овие модели се најдобриот начин да се спречи да завршат.

Познатиот производител на играчки „Лего“ започна пилот иницијатива во Америка, која ги охрабрува сопствениците да донираат користени коцки на детски институции. Според компанијата, 97 проценти од нивните коцки веќе ги делат сопствениците, а многумина се пренесуваат од генерација на генерација на пријатели и семејство, но компанијата има намера овој процент да го зголеми уште повеќе.

– Ние сакаме да помогнеме во изградбата на подобра планета за идните генерации и знаеме дека циркуларната економија е дел од тој пат. Целта на иницијативата Lego Replay е да ги инспирира сопствениците да даваат коцки што не ги користат, вели Тим Брукс, потпретседател на еколошка одговорност.

Маруби играчки

Како дефектолог по професија и во секојдневен контакт со децата, разбирајќи ги нивните потреби и желби, сфатив дека ништо подобро да се задоволи нивната љубопитност и желба за игра преку играчки кои ќе бидат безбедни за нив, а од друга стана и привлечни. Затоа го развив брендот кој го нареков Marubi Toys.

САД, па дури и Европа се далеку од кај нас јас се одлучив да почнам да произведувам плетени еколошки безбедни играчки, пред се за мојата ќерка и децата на моите пријатели. Играчките ги плетам од користена или нова волница, а ги полнам со памучен материјал од веќе носена облека. Играчките најчесто ги претставуваат ликовите кои децата ги бараат, но имам и играчки кои имаат едукативна цел.

Потребни ми се десет дена за подготовка на една играчка, од подготовка на темата, боите, набавка на суровината и се разбира плетењето, кое е инајдолгиот делод процесот. Но, ништо не е тешко кога на крај ќе ја видам насмевката на децата и нежноста со која и приоѓаат на играчката.

Нејзините играчки се први во редот на играчки кои се сертифицирани производи од Кооператива за безбедни играчки. Играчките може да ги најдете и да си порачате на https://www.facebook.com/marubi.toys.

 

 

Текстот е дел од проектот GEAR/2017/394-354/MКD, од програмата Поддршка на граѓанските организации (ГО) во Северна Македонија во рамки на проектот GEAR – Зелена економија за развој на регионот.