Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција соопшти дека се превземени нови, дополнителни мерки за заштита од корона вирусот.

„Веднаш по предлогот на министерот Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, а во пресрет на затоплувањето и големите празници, а согласно потребата да ги одмориме здравствените работници одчучивме да донесеме нови мерки. Во таа насока донесена е одлука за:

  • забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20 часот до 5 часот, почнувајќи од утре до 20 април,
  • граѓаните кои се вакцинирале имаат право на движење,
  • целосно забрана за гости во сите угостителски објекти, освен за онлајн продажба на храна од среда, 7 април до 20 април  (исклучок се угостителските објекти на аеродромите и хотелите/мотелите),
  • целосна забрана за гости во обложувалниците, казината, фитнес клубовите, спортски центри,
  • се забранува органзиирање присуство на секаков вид на семинари, конференции…,
  • на земјоделците им се дозволува движење врз основа на потврда,
  • за време на забраната сите граѓани кои живееат во колективни згради да може да ги вадат кучињата од 22-23 часот во радиус од 100 метри од местото на движење,
  • останува на сила забраната за собирање на повеќе од 4 лица.

 

Н.Д.