четврток, април 25, 2024
домаЖивотОд утре насекаде со маски, изоставени само децата до 6 години и...

Од утре насекаде со маски, изоставени само децата до 6 години и лицата со посебни потреби

На пленарна седница пратениците со 53 гласа „за“, ниту еден „против“ и 26 „воздржани“, ги усвоија измените на Законот за заштита од заразни болести, со што од утре (четврток) сите граѓани, освен оние кои спортуваат на отворено, децата под 6 години и некои други исклучоци, ќе мора да носат маски и на отворено.

Измените предвидуваат и други обврски – задолжителна е самоизолацијата на оние кои чекаат тест за коронавирус и се забранува групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието. Не треба да се носат маски во кафеани во кои се воспоставени и се почитуваат специфични протоколи за заштита, како растојание и дезинфекција.

Според измените на Законот за заштита од заразни болести, носењето маска на отворено нема да важи: при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично), при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице или лица со кои живее во заедница, при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице или лица со кои заедно живеат, маска на отворено нема да се носи ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно, Децата до 6 годишна возраст, како и лица со специфична здравствена состојба (лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој), се ослободени од носење на маска, поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично.

За непочитување на новите законски обврски ќе се пишува казна од 20 евра.

Сепак, пратениците од СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче се премислија и го повлекоа предлогот кој предвидуваше контрола во домовите на граѓаните и казни доколку има повеќе од четири гости. Со ова повторно се остава на совесноста на граѓаните, бидејќи ако нема ограничување на движењето, односно полициски час, граѓаните ќе може да се собираат по дома и да организираат семејни прослави, а што е извор на ширење на вирусот.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ