Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска најави нови малопродажницени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените.

Така, од утре бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се со малопродажна цена повисока за 3,50 денари/литар, па малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,50 ден/лит. А.Р.