Летното сметање на времето започнува на 25 март, кога часовите треба да се поместат за еден час напред.

Летното сметање на времето во 2018 година започнува на 25 март во 2 часот по полноќ. Тогаш со поместување за еден час напред, времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.

Секој последен викенд во март се поместуваат часовниците и се преминува на летно сметање на времето, за потоа последниот викенд во октомври да се вратат на зимско сметање.