Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти и тоа во Скопје 17, Куманово 9, Прилеп 12, Тетово 3, Струга 12, Охрид 9, Гостивар 1, Кичево 1.

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Досега во земјата се направени вкупно 19241 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373. А.Р.