Премиерот Оливер Спасовски на денешната прек конференција повика на почитување на владините мерки против ширењето на коорна вирусот, Тој кажа дека нашата земја сѐ уште го нема достигнато најлошото, пикот се очекува за две до три недели.

„Ги пречекуваме новите радикални предизвици…Сега секој од нас мора да даде максимален придонес за да ја поминеме битката. Битката ќе трае! Од секој еден од нас зависи колку долго и со колкав интензитет ќе војуваме со корона вирусот. Според експертите наредните 2 -3 недели ќе го достигнеме пикот со 2000-2500 случаи. Но подобро е да се подготвуваме за повеќе ,а да ни се случат помалку.“- рече Спасовски.

Херојство е да се седи дома!- потенцира Спасовски

„Ова е нова радикална фаза и за стабилноста на здравствениот систем, заштитата на здравствените работници, за економијата…секој од нас мора да даде максимален придонес. На крајот ќе го сопреме непријателот, но битката ќе трае.“, рече Спасовски.

Мерките го носевме етапно, приоритетите и е да ги заштитиме граѓаните и да го минимизираме ефектот.

Техничкиот премиер апелираше да не се создаваат лажни вести и паники, бидејќи институциите тоа ќе го санционираат.

„Аплеираме до медиумите да се повикуваат единствено на официјалните информациии. Прдиржувајте се кон мерките, бидете одговорни, совесни, солидарни“ рече Спасовски.

Н.Д.