Последните проценки на трошоците за Олимписките игри во Токио за 2020 година се малку намалени, но овие расходи се уште се речиси двојно повисоки од првично проектираните, дури и по големите напори за намалување на трошоците. Организаторите денеска објавија дека овој спортски настан ќе чини вкупно 1,35 милијарди јени (11,9 милијарди долари), објави АП.

Претставници на организаторот на Олимписките игри во Токио во 2020 година, во извештајот наведе дека трошоците за организација во американски долари изнесува 12,6 милијарди долари, но според сегашниот курс од околу 113 јени за долар, изнесуваат нешто под 12 милијарди долари.

Кога во септември 2013 година Меѓународниот олимписки комитет му ја додели на Токио организацијата на Олимписките игри во 2020 година, понудата на јапонскиот главен град изнесуваше 730 милијарди јени. Оваа сума, во меѓувреме, беше „надуена“ на над 3,0 илјади милијарди јени, но потоа беше намалена до 1,4 илјади милиарди, откако гувернерката на Токио, Јурико Којке, започна кампања за намалување на трошоците.

Организаторите беа во можност дополнително да ги скратат проценетите трошоци со преместување на некои настани надвор од Токио и користење на постојните и привремени објекти. Олимписките игри во Токио нема да бидат најскапи досега. Олимписките игри во Лондон 2012 чинеа 19 милијарди долари, во споредба со проценетата понуда од 6,5 милијарди долари.