Комисијата за лекови на Обединетите нации гласаше за отстранување на канабисот или марихуана од списокот на „најопасни лекови“, што претставува историски пресврт во долготрајната борба за признавање на ова растение како важен лек.

Комисијата на тој начин ја официјализираше препораката на Светската здравствена организација за отстранување на канабисот и смолата од канабис од списокот на наркотични средства од класа IV, која содржи деструктивни и смртоносни супстанции како хероинот.

Супстанциите од класа IV се всушност подкатегорија од класа I, што значи дека тие не се само „опасни лекови“, туку се наведени како „особено штетни и со исклучително ограничени лековити својства“.

“Ова е добра вест за милиони луѓе кои користат канабис во терапевтски цели. Одлуката е одраз на растечкиот пазар на медицински производи базирани на канабис”, се вели во соопштението.

Сепак, оваа одлука не значи дека ОН не го сметаат канабисот за проблематична билка.

Гласањето во средата означува крај на класификацијата на канабисот и неговата смола како опасни лекови, но сепак ќе биде предмет на одредени ограничувања од класа I.

Овој потег на ОН можеби нема да има автоматски последици на начинот на кој светските влади ја водат политиката во контекст на дроги, но може да обезбеди поттик за зајакнување на правната основа за препознавање на канабисот како лековито растение. А.Н.